• вторник, 24 декември 2024

Русија денеска побара од сојузниците на Киев да почнат преговори со Москва за да ги запрат нејзините брутални напади врз Украинците.

Русија денеска побара од сојузниците на Киев да почнат преговори со Москва за да ги запрат нејзините брутални напади врз Украинците.

Москва, 7 ноември 2024 (МИА) - Русија денеска побара од сојузниците на Киев да почнат преговори со Москва за да ги запрат нејзините брутални напади врз Украинците.

Шефот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу го повика за преговори, велејќи дека Западот се соочува со избор меѓу разговори со Москва за војната или продолжување на „уништувањето“ на населението во Украина.

„Сега, кога ситуацијата во борбениот театар не е во корист на Киев, Западот е пред избор. Да се ​​продолжи со финансирањето (Киев) и уништувањето на украинското население или да се препознае сегашната реалност и да се започне со преговори“, рече Шојгу на состанокот со претставници на одбраната oд другите поранешни советски држави.

Тие беа меѓу првите коментари на руски функционер откако Доналд Трамп, кој се пофали дека може да ја заврши војната за еден ден, беше потврдено дека е избран за претседател на САД. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан