• понеделник, 23 декември 2024

Џафери од Минхенската безбедносна конференција: Глобалниот мир и фер избори е приоритет на владите во светот

Џафери од Минхенската безбедносна конференција: Глобалниот мир и фер избори е приоритет на владите во светот

Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) - Глобалниот мир и обезбедувањето фер и демократски избори за над 2 милијарди граѓани е приоритет на владите од светот, изјави техничкиот премиер Талат Џафери во Минхен пред првите билатерални средби на маргините на годинешната Минхенска безбедносна конференција.

Џафери, како што соопшти владината прес-служба, истакна дека значењето на оваа конференција е во доменот на актуелните случувања во гео-стратешките и геополитичките случувања во светот, а фокусот главно се претпоставува дека ќе биде состојбата во Украина и секако проследена со состојбите во Блискиот Исток.

Пропратно, додаде Џафери, тема ќе биде безбедноста и одбраната во Европа и улогата на Европа во тој контекст.
 
-Секако значењето на конференцијата и како проследување на темата ќе биде и фактот дека во повеќе од 65 земји во светот, преку 2 милијарди граѓани ќе имаат можност на избори да ја искажат својата волја и секако дека тоа е од посебен интерес за да се обезбедат соодветни демократски предуслови за слободни, фер избори од кои ќе произлегуваат новите институции во соодветните држави, нагласи Џафери.

Тој најави дека на маргините на конференцијата ќе има билатерални средби со повеќе колеги од другите земји.

-Оттука, пораката за соодветна соработка со сите нив и по однос на нашата состојба со документите ќе биде една од темите за која што ќе се разменуваат мислења со колегите со кои ќе ја имам можноста да поразговараме билатерално, нагласи Џафери. дма/

Фото: Влада на РСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан