• понеделник, 23 декември 2024

Џафери: Како Влада треба да имаме информации за сите прашања што се во надлежност на институциите

Џафери: Како Влада треба да имаме информации за сите прашања што се во надлежност на институциите

Скопје, 13 март 2024 (МИА) - Националната безбедност не е баш во ингеренции на Владата, само директорот е во владина ингеренција. Сепак, во секој случај како Влада треба да знаеме и да имаме информации по односните прашања од надлежноста на соодветните институции, порача техничкиот премиер Талат Џафери при денешниот увид во реконструкцијата на автопатската делница од Петровец до Куманово. 

Во одговор на новинарското прашање дали нашите институции знаеле дека во државата се произведува софтверот „Предатор“ заради кој фирмата „Сајкрос“ доби санкции од САД, техничкиот премиер рече дека тековно ги прима и ги има сознанијата, меѓутоа, додаде, за времето за кое што зборувате сега не можам да ви одговорам да кажам да или не.

-Во секој случај ако очекувате јас после месец дена да ви кажам дали сум знаел или не, можам да ви кажам дека не сум знаел, а дали знаеле институциите претпочитувам имајќи ја предвид нивната надлежност и должност за работа би требало да имаат такви сознанија и би требало да постапат по таквите сознанија, потенцира Џафери.вј/аа/

Фото: МИА 

 

Остани поврзан