• понеделник, 23 декември 2024

Ќе продолжиме да ги презентираме нашите ставови и да го деблокираме придвижувањето кон ЕУ, вели владината портпаролка

Ќе продолжиме да ги презентираме нашите ставови и да го деблокираме придвижувањето кон ЕУ, вели владината портпаролка

Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) - Македонската Влада и честита на Албанија за почетокот на пристапните преговори, но изразува и огромно жалење за тоа во каква состојба се наоѓа нашата држава, рече денеска портпаролката Марија Митева.

Одговорајќи на новинарски прашања, Митева истакна дека ќе продолжи презентацијата на нашите ставови и позиции и деблокирањето на процесот на придвижување на земјава кон ЕУ.

-Како Влада можеме да изразиме задоволство и да честитаме за почетокот на Албанија, но и да изразиме огромно жалење за тоа во каква состојба се наоѓа нашата држава. Премиерот вчера имаше детално образложение за состојбите што беа разговарани во рамки Берлинскиот процес, рече дека од Германија имаме силна поддршка за продолжување на евроинтегративниот процес. Ги презентиравме нашите позиции во однос на блокадата со која се соочуваме и како Влада ќе продолжиме да зборуваме за тоа, да ги презентираме нашите ставови и да го деблокираме процесот во кој се наоѓа Македонија, нагласи Митева на прес-конференција.

Веќе се одржа Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ги почна пристапните преговори по кластери. Албанскиот премиер Еди Рама денеска од Луксемубрг порача дека со спречувањето на Северна Македонија и се нанесе голема штета на државата, на луѓето и на регионот. Според него, билатерализацијата на патот на една земја кон ЕУ е болна работа, бидејќи ако се билатерализира овој процес, само и се нанесуваат штети на таа држава. мч/аа/

фото: МИА архива

   

 

 

 

Остани поврзан