• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Јотова: Барањето за гласање недоверба на владата е една нормална парламентарна пракса

Јотова: Барањето за гласање недоверба на владата е една нормална парламентарна пракса

Софија, 26 март 2025 (МИА) - Бугарската потпретседателка Илијана Јотова денеска изјави дека барањето за гласање недоверба на Владата е една нормална парламентарна пракса.

„Што се однесува до самата форма на гласање недоверба, тоа е сосема нормална парламентарна практика“, коментираше таа пред новинарите.

Посочи дека отсекогаш била „за“ оваа практика.

„Можеби нема да има краен резултат за соборување на Владата, но во голема мерка се слушаат различни мислења при дискусијата за важни актуелни прашања“, додаде Јотова.

Прашана за објавените намери за гласање недоверба на кабинетот - едно од „Преродба“ и едно летоска од пратеничката група Продолжуваме со промените - Демократска Бугарија, Јотова одговори „кога ќе се поднесе такво барање за гласање, кога ќе ги видиме мотивите со кои е поднесено, тогаш ќе ги коментираме“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан