• петок, 26 јули 2024

Јордан: Опасни двојни стандарди доколку не се усвои резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Газа

Јордан: Опасни двојни стандарди доколку не се усвои резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Газа

Аман, 21 декември 2023 (МИА) - Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади предупреди дека евентуалниот неуспех на Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција за Газа ќе значи примена на „опасни двојни стандарди“.

Сафади рече дека нацрт-резолуцијата, за која Советот за безбедност на ОН треба да гласа подоцна во текот на денот, е фокусирана на забрзување на испораката на помош за која Аман тврди дека Израел попречува да биде доставена.

На барање на САД, вчера беше одложено гласањето во Советот за безбедност на Обединетите нации за предлогот за резолуција со која се бара зголемување на помошта за Појасот Газа и барање ОН да го преземат следењето на хуманитарните испораки во палестинската енклава. ссм/

фото: архива

Остани поврзан