• недела, 01 февруари 2026

Јокиќ се врати со 31 поен – Денвер го совлада ЛА Клиперс

Јокиќ се врати со 31 поен – Денвер го совлада ЛА Клиперс

Денвер, 31.јануари 2026 (МИА) – По повредата на коленото Никола Јокиќ синоќа го одигра првиот натпревар. Тој надвор од теренот беше од 29.декември. На дуелот против ЛА Клиперс што Денвер го доби со 122:109, Јокиќ на теренот мина 25 минути, а реализираше 31 поен, со 12 скока и 5 асистенции. Денвер ја постигна четвртата победа на последните пет натпревари.

Јокиќ на теренот мораше да се врати за да остане и во конкуренција за наградата МВП бидејќи досега паузираше на 16 натпревари, а со 17 автоматски не влегува во конкуренција за индивидуалните награди.

Одличен настап имаше и Лука Дончиќ во победата на ЛА Лејкерс над Вашингтон постигнувајќи 37 поени.

Резултати на ноќешните натпревари: Вашингтон – ЛА Лејкерс 111:142, Бостон – Сакраменто 112:93, Њу Орлеанс – Мемфис 114:106, Њујорк – Портланд 127:97, Орландо – Торонто 130:120, Денвер – ЛА Клиперс 122:109, Феникс – Кливленд 126:113, Јута – Бруклин 99:109 и Голден Стејт – Детроит 124:131. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан