• среда, 08 април 2026

Ракометарите на Вардар го дознаа ривалот во четвртфиналето од Лига Европа

Ракометарите на Вардар го дознаа ривалот во четвртфиналето од Лига Европа

Елверум, 7.април 2026 (МИА) – Францускиот тим Монпеље ќе биде противник на ракометарите на Вардар во четвртфиналето од Лига Европа. Монпеље вечерва го загуби реваншот од осминафиналето со норвешки Елверум со 35:31, но благодарение на победа од 36:24 во првиот натпревар обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во ова натпреварување. Првиот натпревар се игра во Франција на 28.април, а реваншот е 5.мај во Скопје.

Од другите реванш осминафинални дуели вечерва Флензбург и Архус одиграа нерешено 33:33, а четвртфиналист е Флензбург благодарение на победата 38:32 на првиот дуел. Флензбург во четвртфиналето ќе игра против Хановер.

Порто во четвртфиналето го очекува поуспешниот од дуелот Мелсунген – Фредериција (Фредериција победи 35:29 на првиот дуел), а Кил во четвртфиналето ќе игра со поуспешниот од дуелот Нексе – Кристијанштад (Нексе победи на гости со 36:34 во првиот дуел). мн/

Фото: Фејсбук РК Вардар 1961

Остани поврзан