• среда, 08 април 2026

Оклахома ги декласира Лејкерс кои беа без Дончиќ и Џејмс

Оклахома ги декласира Лејкерс кои беа без Дончиќ и Џејмс

Лос Анџелес, 8 април 2026 (МИА) - Оклахома Сити рано утрово ги победи Лос Анџелес лејкерс со 123:87 на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА.

Најдобар стрелец на натпреварот беше гостинскиот плејмејкер Шеј Гилџус-Александар, кој постигна 25 поени и имаше осум асистенции.

За Лејкерс не настапија Лука Дончиќ, Остин Ривс и Леброн Џејмс. Претходно беше објавено дека поради повреди, Дончиќ и Ривс веројатно ќе го пропуштат остатокот од регуларната сезона.

Оклахома Сити (63 победи – 16 порази) го доби својот шести натпревар по ред и останува лидер во Западната конференција на НБА. 

Лејкерсите (50-29) го претрпеа својот трет пораз по ред и се четврти на Западот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан