Компани: Играме на гости, но сакаме победа
- Четвртфиналниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен е вечерва во центарот на вниманието
Мадрид, 7.април 2026 (МИА) – Четвртфиналниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен е вечерва во центарот на вниманието. Гостите од Минхен имаат одлична сезона, а за разлика од нив Реал игра променливо, но на убедлив начин во осминафиналето го елиминираа Манчестер Сити.
- Се подготвуваме за Реал, видовме како одиграа со Манчестер Сити. Ова е секако најтешкиот натпревар на гостински терен, но ние сакаме да победиме. Имаме одличен состав и подготвени сме за двата натпревара. Ова ќе ми биде првпат да сум на натпревар на овој стадион како тренер, но имам големо искуство на вакви натпревари. Исходот ќе биде решен делумно од тактиката, но пред сè од малите работи – како индивидуалниот квалитет на играчите, изјави тренерот на „баварците“ Винсент Компани.
За настапот на Хари Кејн, тренерот на Баерн истакна дека ќе почека до последен момент и дека играчот е во ритам и дека сите конкурираат за составот со исклучок на Свен Улрих. мн/
Фото: ЕПА