Арон Ремзи стави крај на својата кариера
- Капитенот на фудбалската репрезентација на Велс, Арон Ремзи соопшти дека ја завршува својата кариера
Кардиф, 7.април 2026 (МИА) – Капитенот на фудбалската репрезентација на Велс, Арон Ремзи соопшти дека ја завршува својата кариера. Тој е без клуб од декември минатата година кога го напушти мексиканскиот клуб УНАМ, а немаше настап од септември.
Ремзи немаше настап ниту за репрезентацијата на Велс во 2024 година.
- Оваа одлука не беше лесна. По долго размислување решив да се повлечам од фудбалот. Ми беше чест да го носам дресот на Велс и да имам неверојатни моменти со националниот тим, објави Ремзи на социјалните мрежи.
Тој упати и благодарност до сите клубови каде настапуваше и му овозможиле да настапува на високо ниво. Во својата играчка кариера има настапувано за Арсенал, Нотингем Форест, Јувентус, Глазгов Ренџерс, Ница, Кардиф и УНАМ.
За репрезентацијата на Велс одигра 86 натпревари и беше стрелец на 21 гол, а настапи и на ЕП 2016 и 2021, како и на СП 2022. Настапи и за репрезентацијата на Велика Британија на Олимписките игри во Лондон 2012. мн/
Фото: ЕПА