• среда, 25 декември 2024

ЈКП „Стандард“ - Дебар за првпат доби дозвола за управување со неопасен отпад

ЈКП „Стандард“ - Дебар за првпат доби дозвола за управување со неопасен отпад

Дебар, 8 февруари 2024 (МИА) - Дебарското јавно комунално претпријатие „Стандард“, иако со децении подига отпад сега, за првпат доби дозвола за управување со неопасен отпад (собирање и транспорт на неопасен отпад).

-Во рамки на континуираните системски и административни реформи, кои ги ставив како приоритет во мојата работа и со силна посветеност успеавме да ја добиеме формално правната административна работа. По големите залагања и напори ја добивме дозволата за управување со неопасен отпад. За првпат оваа активност, што со децении ја реализира нашето претпрпријатие, сега ја реализираме со дозвола за оваа дејност во рамки на законот, изјави директорот Бурим Каба за МИА.

Оценува дека за оваа активност дозволата е важна од формално-правен аспект, како обврска, и нагласува дека во исто време ги отвора вратите за апликации во разни институции за проекти.

-Големата посветеност дава конкретни резултати и за тоа јас како директор сум им благодарен и на моите соработници, кои заедно со мене вложија многу напор. Секако посебна благодарност и до вработените на министертвото за животна средина и просторно планирање, за дозволата, упатствата и покажаната ефикасност, посочи Каба.

Со добиената дозвола, комуналното претпријатие добива право и за подигање на неопасен отпад и во селските населени места, за што како што најави Каба, претпријатието ќе почне со поставување контејнери. вт/дма/

 

Фото: МИА/Стандрад сајт

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан