• понеделник, 16 декември 2024

„Једиот Ахронот“: Над 10.000 војници се убиени или ранети во Газа од октомври

„Једиот Ахронот“: Над 10.000 војници се убиени или ранети во Газа од октомври

Тел Авив, 5 август 2024 (МИА) - Израелскиот весник „Једиот Ахронот“ објави дека најмалку 10.000 израелски војници се убиени или ранети за време на долгите месеци борби во Појасот Газа.

Весникот наведува дека евиденцијата на израелското Министерство за одбрана покажува дека близу илјада израелски војници секој месец се приклучуваат на Одделот за рехабилитација при Министерството поради психолошки проблеми и инвалидитет.

Весникот објаснува дека израелскиот Кнесет го започнал летната пауза без да донесе закон за продолжување на задолжителниот воен рок, поради што израелските војници, кои десет месеци се борат во Газа, се во состојба на шок и конфузија.

Весникот посочува дека законот ги обврзува војниците да служат 32 месеци, откако Кнесетот на чело со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во 2015 година го намали периодот на задолжителна служба.

Тој додава дека Кнесетот сега сака да ја укине таа одлука и да ги зголеми месеците на задолжителниот воен рок, а таквиот потег предизвикал незадоволство кај војниците кои требало да ја завршат службата овој месец.

„Једиот Ахронот“ посочува дека израелските војници во Голанската висорамнина биле информирани дека ќе отслужат уште четири месеци од оваа произволна служба, иако очекувале нивната служба да заврши следниот месец. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан