„Јас, на некое друго место“ нова премиера на штипскиот Народен Театар
- Театарската претстава „Јас, на некое друго место“ во режија на Јован Ристовски премиерно ќе се одигра на 30 ноември, со почеток во 20 часот, на сцената на Народниот Театар Штип (НТШ). Режисерот, Ристевски на денешната прес-конференција вели станува збор за праизведба на современ македонски текст, кој писателката Ана Ристоска Трпеноска, за да го напише била инспирирана од вистинска приказна.
Штип, 28 ноември 2024 (МИА) - Театарската претстава „Јас, на некое друго место“ во режија на Јован Ристовски премиерно ќе се одигра на 30 ноември, со почеток во 20 часот, на сцената на Народниот Театар Штип (НТШ). Режисерот, Ристевски на денешната прес-конференција вели станува збор за праизведба на современ македонски текст, кој писателката Ана Ристоска Трпеноска, за да го напише била инспирирана од вистинска приказна.
-Ана се инспирира од еден весник, читајќи приказна за една мајка, сопруга, која за жал ги убива нејзините деца. Се случува еден пресврат во целата претстава, а жената е избеглица од Босна, кои живеат во Виена, вели Ристовски.
Во претставата се разработува проблематиката со психолошкото ментално здравје, губењето на емпатија како и деструктивното однесување во средината во која живееме.
-Оваа претстава треба да не инспирира, да се запрашаме кој сме, што сме и дали како граѓани имаме добро однесување према заедницата околу нас и дали ги приметуваме луѓето, со кои сме најблиски, односно дали имаат проблем или не, бидејќи најчесто менталните и психолошки проблеми луѓето ги кријат и им е непријатно да ги кажат на глас, рече Ристовски.
Актерите од штипскиот Народен Театар велат дека станува збор за претстава која треба да се види, доживее, а ја носи пораката дека во ова време на социјални мрежи членовите на едно семејство треба да разговараат и да се сакаат. Директорката на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Кристина Атанасова Арсова на денешната прес-конференција истакна дека ова е последната реализирана претстава за оваа година која е финансирана од Програмата на Министерството за култура и туризам. Но, најави дека во декември во нивна продукција ќе имаат уште две нови премиери, од кои едната е детска претстава.
Во претставата „Јас, на некое друго место“ играат: Марија Минчева-Андонов, Пеце Ристевски, Ангелка Нашкова, Миле Вратеовски, Ефтим Трајчов, Ава Хусеини и Стефанија Митовска. вдј/сст/
Фото: МИА