• вторник, 24 декември 2024

Јавно креирање на буџетот и програмата за работа на Општина Демир Хисар за 2024 година

Јавно креирање на буџетот и програмата за работа на Општина Демир Хисар за 2024 година

Демир Хисар, 28 ноември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Демир Хисар Никола Најдовски на јавна средба со претставниците на урбаните и месните заедници гги креираа буџетот и програмата за работа на локалната самоуправа за 2024 година.

Од Општина Демир Хисар информираа дека средбата се одржа врз основа на донесе заклучок од Советот на Општина Демир Хисар, а во духот на транспаретноста во работењето на општината.

-Нашата намера е да ги вклучиме и ги вклучивме граѓаните во процесите на донесување на одлуки. На средбата освен градоначалникот, присуствуваа и членовите на Советот на Општина Демир Хисар, како и претставниците на месните и урбани заедници. Извештајот ќе биде анализиран и потврден на седница на општинскиот Совет што утре ќе се одржи во Демир Хисар, информираа од тамошната локална самоуправа.

Од Општина Демир Хисар информираат дека наскоро ќе потпишат договор за меѓуопштинска соработка со Општина Могила и Општина Ресен. мт/дма/

Фото: Општина Демир Хисар

Остани поврзан