Нова опрема за Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица
- Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица доби нова опрема за надградување на постоечките капацитети. Во работна посета на единицата денеска беше каменичкиот градоначалник Димчо Атанасовски, кој ја поздрави донацијата во вредност од 400.000 денари.
Македонска Каменица, 24 декември 2024 (МИА) - Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица доби нова опрема за надградување на постоечките капацитети. Во работна посета на единицата денеска беше каменичкиот градоначалник Димчо Атанасовски, кој ја поздрави донацијата во вредност од 400.000 денари.
- Остварив работна посета на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) во Македонска Каменица, каде од командирот Малин Трајчевски бев запознаен со најновата опрема која Општина Македонска Каменица ја набави за нивните потреби.Опремата, чија вредност изнесува 400.000 денари, претставува дополнителна надградба за нашата противпожарна единица, истакна Атанасовски.
Оваа набавка, додаде тој, е само дел од континуираната заложба за подобрување на условите за работа на ТППЕ.
Опремата вклучува алуминиумски и турбо млазници, грбни пумпи од 25 литри, рачни ЛЕД светилки на струја, ЛЕД светилки за глава со ластик, вакуумски водни пумпи, всисни армирани црева за пумпи, метален режач за блиндирани врати и метал, дијамантски диск за метален режач, противпожарни апарати Ц-9 кгр и противпожарни апарати СО2 од пет килограми.
Со модернизацијата на опремата и зголемување на подготвеноста на пожарникарите, општината, додадоа надлежните, обезбедува поголема безбедност за сите граѓани и нивните имоти. вс/цр
Фото: МИА