Ѓорѓиевски: Кандидатурата за Скопје ќе значи добивка и за Кисела Вода и за сите скопјани
- СООПШТЕНИЕ - -Доколку мојата политичка партија ме кандидира мене и ми даде поддршка, секако дека ќе го прифатам предизвикот. Кисела Вода немала градоначалник на Скопје и нема ништо да изгуби, напротив ќе добие како никогаш досега, а секако ќе добијат и сите останати општини и сите скопјани, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
9 декември 2024
Покажавме во изминатите три години дека нема изговори, туку дека има решенија за проблемите и дека сум посветен на работата. Драго ми е што на анкетите добивам поддршка од сите скопјани и што граѓаните ме перцепираат како човек кој е спремен да се соочи и реши проблемите на главниот град, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски во денешното гостување на утринската програма „Ја сакам Македонија” на ТВ Сител.
-Доколку мојата политичка партија ме кандидира мене и ми даде поддршка, секако дека ќе го прифатам предизвикот. Кисела Вода немала градоначалник на Скопје и нема ништо да изгуби, напротив ќе добие како никогаш досега, а секако ќе добијат и сите останати општини и сите скопјани, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски: Голем интерес за мерката за ослободување од комуналии за младите
При денешното гостување на утринската програма “Ја сакам Македонија” на ТВ Сител, градоначалниот Орце Ѓорѓиевски, на новинарско прашање, ги презентираше критериумите за проектот „Кисела Вода - адреса за заеднички дом”, преку кој младите брачни двојки од Општина Кисела Вода добиваат можност за ослободување од плаќање на комуналии за изградба на куќа во овој дел од градот.
-Се работи за мерка со која директно им помагаме на младите брачни парови ослободувајќи ги од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште, односно комуналии за изградба на куќа во општина Кисела Вода. Условите се многу едноставни, потребно е да имаат доказ дека немаат друга сопственост на свое име, двата сопружници да имаат до 40 години, а проектот да содржи само една станбена единица. Преку оваа мерка им помагаме на два начина. Првиот е ослободувањето од плаќањето на комуналиите. Знаете дека во делот на надоместок за комуналии 40% зема Кисела Вода, а 60% Градот Скопје. Ние ги ослободуваме од нашиот дел, односно делот што треба да и го платат на Општина Кисела Вода. Вториот дел од поддршката се однесува на тоа што нудиме бесплатно до граѓаните три проекти за типски куќи. Со тоа, преку двете финасиски ослободувања, вкупната вредност на поддршка од наша страна е околу 10 000 евра. Тоа е една сериозна поддршка и сметам дека во голема мера, заедно со сите наши други реализирани проекти, ќе придонесе за да ги задржиме младите во нашата земја и да го спречиме процесот на иселување-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски додавајќи дека на приемниот ден во саботата, најголемиот дел од граѓаните биле заинтересирани токму околу деталите за овој проект.
Општина Кисела Вода
фото: МИА архива
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.