• сабота, 22 февруари 2025

Ѓоковиќ го повтори достигнувањето на Федерер на Грен слем турнирите

Ѓоковиќ го повтори достигнувањето на Федерер на Грен слем турнирите

Мелбурн, 19 јануари 2025 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен во 2025 година. Во четвртото коло, 37-годишниот спортист го победи Чехот Јиржи Легечка (6:3, 6:4, 7:6 (7:4)).

Ѓоковиќ стана вториот играч во Опен ерата кој стигнал до четвртфиналето на барем еден Грен слем турнир во сингл за мажи во 20 сезони. Ова достигнување го има и Роџер Федерер.

Во четвртфиналето на Австралија опен, 37-годишниот Србин ќе игра против Шпанецот Карлос Алкараз. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан