Штип ќе донира еден милион денари за настраданите во дискотеката во Кочани
- Советниците на денешната седница на Советот на Општина Штип одлучија од буџетот да се донираат еден милион денари на настраданите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Штип, 28 март 2025 (МИА) - Советниците на денешната седница на Советот на Општина Штип одлучија од буџетот да се донираат еден милион денари на настраданите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Советниците одлуката ја донеса едногласно, а средствата ќе се уплатат на донаторската сметка на Црвен Крст. Седницата започна со едноминутен молк во чест на настраданите од пожарот.
Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов изјави дека заеднички институциите треба да работат во вакви моменти со цел да се надминат проблемите и да се реши случлајот конкретно со таканаречаната дискотека на смртта.
Изминатите денови се одржа и Локален совет за превенција на Општина Штип со цел да се најдат заеднички решенија за да не се повтори ваква трагедија. вдј/мд/
Фото: МИА