• понеделник, 16 декември 2024

Штипските студенти имаа симулација на постапка пред Европскиот суд за човекови права

Штипските студенти имаа симулација на постапка пред Европскиот суд за човекови права

Штип, 5 декември 2024 (МИА) - По повод Меѓународниот ден за заштитата на човековите права, денеска на  Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) - Штип студентите имаа симулирано судење пред Европскиот суд за човекови права.

Елена Трајковска од Правниот факултет вели  дека со денешниот настан се истакнува важноста за заштитата на човековите права, како и можноста студентите практично да се соочат со правните предизвици. Посочи дека Правниот факултет од Штип е член на мрежата  Open  Council  of  Europe Academic Networks (OCEAN).

-Со овој настан не само што сакаме да ја истакнеме важноста за заштита на човековото право, слободите, еднаквоста, правдата и правичноста, туку сакаме и преку вакви практични искуства нашите студенти, во процесот на студирањето да се соочат со она што следува од правните предизвици, во она што означува заштита на човековите права, вели Трајковска.

Деканката на Правниот факултет при УГД-Штип Олга Кошевалиска истакна дека целта на ваквиот настан е да се потенцираат две главни работи и тоа учеството на студентите на меѓународните натпревари, како и да се одбележи Меѓународниот ден за заштита на човековите права. вдј/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан