• вторник, 11 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Штипските пожарникари апелираат да не се палат стрништата по жетвата

Штипските пожарникари апелираат да не се палат стрништата по жетвата

Штип, 12 јули 2025 (МИА) - Пожарникарите од Територијалната противпожарна едница (ТППЕ) - Штип изминатата недела имале интервенции на отворено во селата Лакавица, Селце, а во Општина  Карбинци во атарите на селата Радање и Горни и Долни Балван.

Командирот на ТППЕ - Штип Благој Ренџов изјави дека причината за пожарите се палењето на стрништата. Упати голем апел до земјоделците да не ги палат стрништата по завршување на жетвата на житните култури.

- Интервенциите се зголемени и тоа се претежно запалени стрништа. Со ова сакам воедно да дадам и апел до земјоделците да не ги палат своите стрништа, бидејки температурите се високи и за кратко време тревата е сува и висока и имаме неконтролирано горење на тревата, изјави Ренџов.

Тој вели дека според нивните анализи, 80 проценти од пожарите се предизвикани од човечки фактор, но има и случаи кога со спојување на жици од електрични столбови се предизвикува пожар.

Командирот на ТППЕ-Штип Ренџов и апелира  до граѓаните, а особено до земјоделците, да не се палат стрништата, трски, како и отпад, се со цел дополнително да не се отежнува ситуацијата со пожарите во истокот. вдј/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан