• сабота, 06 декември 2025

Комуналните служби ја започнаа работата на терен, исчистени мали депонии во централното градско подрачје на Кочани

Комуналните служби ја започнаа работата на терен, исчистени мали депонии во централното градско подрачје на Кочани

Кочани, 11 ноември 2025 (МИА) - По одржаниот состанок на градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов во КЈП „Водовод“, комуналните служби ја започнаа работата на терен.

Со постојните ресурси се отстранети отпад и мали депонии на повеќе локации во централното градско подрачје на Кочани. Активностите ќе продолжат и претстојниов период, со цел актуелната катастрофална состојба со јавната чистота да се доведе до оптимално ниво за урбано живеење.

Според планот на административните комунални служби од Општина Кочани, наскоро ќе се расчитуваат и мали депонии во населените места. ис/вј/

Фото: Општина Кочани

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан