• среда, 01 јануари 2025

Шолц: Руската војна - причина за авионската несреќа во Казахстан

Шолц: Руската војна - причина за авионската несреќа во Казахстан

Берлин, 30 декември 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц го обвини руско-украинскиот конфликт за трагичната авионска несреќа во Казахстан, во која загинаа 38 лица.

„Руската брутална војна против Украина влијае на сè поголем број невини луѓе, дури и надвор од Украина. Тоа го покажува авионската несреќа во Актау, која мора целосно да се истражи“, напиша Шолц на платформата Икс и додаде: „Нашите мисли се со семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување.

Во меѓувреме, заменик-порпаролката на германското Министерство за надворешни работи, Катрин Дешауер, во Берлин изјави дека „оваа трагична смрт на толку многу луѓе немаше да се случи доколку Владимир Путин не ја водеше својата брутална агресивна војна против Украина“.

Казахстанските власти соопштија дека авион на Азербејџан Ерлајнс се урнал на три километри од Актау.  Азербејџански официјални лица потврдија дека руски ракетен систем е причина за инцидентот, а рускиот претседател Владимир Путин се извини за трагедијата во телефонски разговор со азербејџанскиот лидер Илхам Алиев. ссм/

Остани поврзан