Шмихал во посета на Канада
- Премиерот на Украина, Денис Шмихал денеска пристигна во посета на Канада, при што ќе бара муниција и оклопни возила за контраофанзива против руските сили
![Шмихал во посета на Канада](https://mia.mk/index.php/images/20230411155855_big_730x400_60.webp )
Отава, 11 април 2023 (МИА) – Премиерот на Украина, Денис Шмихал денеска пристигна во посета на Канада, при што ќе бара муниција и оклопни возила за контраофанзива против руските сили.
Тој на Твитер објави дека „пријателска“ Канада е меѓу првите држави кои ја поддржаа Украина.
Шмихал најави дека и ќе се сретне со премиерот на Канада, Џастин Трудо и неговата заменичка Кристи Фриленд. ми/
фото: ЕПА