Шкендија стигна до три бода против Работнички
- Во одложениот натпревар од 4.коло од Првата фудбалска лига екипата на Шкендија стигна до нови три бода со триумфот над Работнички со 1:0
Скопје, 24.септември 2025 (МИА) – Во одложениот натпревар од 4.коло од Првата фудбалска лига екипата на Шкендија стигна до нови три бода со триумфот над Работнички со 1:0. Гостите од Тетово постигнаа гол во 67.минута, а стрелец беше Фабрис Тамба. Голот беше потврден по прегелдувањето на ВАР снимката.
Со новата победа и трите бодови Шкендија се проби на третото место на табелата со 17 бодови или два помалку од тандемот на врвот Струга ТЛ и Вардар.
Натпреварите од следното осмо коло се играат од 27 до 29.септември. мн/
Фото: Фејсбук ФК Работнички