Шефот на српската дипломатија го осуди палење на куклата со ликот Вучиќ и испрати протестна нота до Хрватска
- Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ најостро го осуди инцидентот со палење на кукла со ликот на претседателот на Република Србија Александар Вучиќ на карневалот во Каштел Стари во Република Хрватска и испрати протестна нота до официјален Загреб, јави дописникот на МИА од Белград.
Белград, 14 февруари 2024 (МИА) - Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ најостро го осуди инцидентот со палење на кукла со ликот на претседателот на Република Србија Александар Вучиќ на карневалот во Каштел Стари во Република Хрватска и испрати протестна нота до официјален Загреб, јави дописникот на МИА од Белград.
-Најостро го осудувам инцидентот што се случи на 13 февруари 2024 година, за време на традиционалната карневалска поворка, во населбата Каштел Стари во Република Хрватска. Палењето на кукла со ликот на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, е апсолутно неприфатлив чин, што е во целосна спротивност со заеднички искажаната посветеност за целосна нормализација на односите и подобрување на сеопфатната соработка меѓу нашите земји, се наведува во соптштението на српското МНР.
Дачиќ порача дека „овој скандалозен чин на ширење омраза испраќа порака која на ниту еден начин не придонесува за зајакнување на добрососедските односи, мирот и стабилноста во регионот и директно и сериозно ги нарушува односите меѓу двете земји“.
Србија покрај осудата испрати и протестна нота до Амбасадата на Република Хрватска во Белград.
Вчера во Каштел во Сплитско-далматинската жупанија во Хрватска се одржа настан на кој, како што пишуваат хрватските медиуми, учесниците на маскенбалот по дефилето запалиле кукли со ликовите на претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин. об/ссм/