Шефот на мјанмарската хунта го нарече Путин „крал“ за време на посетата на Кремљ
- Владетелот на воената диктатура во Мјанмар, Мин Аунг Хлаинг, го нарече рускиот претседател Владимир Путин „крал“, за време на вчерашната посета на Кремљ, јави ДПА.

Москва, 5 март 2025 (МИА) - Владетелот на воената диктатура во Мјанмар, Мин Аунг Хлаинг, го нарече рускиот претседател Владимир Путин „крал“, за време на вчерашната посета на Кремљ, јави ДПА.
Според официјалниот руски превод, Мин Аунг Хлаинг изјавил: „Колку што знам, вие ја водите Русија не само пет или 10 години, туку доста долго време“.
Тој рече дека поради ова Путин може да се смета не само за лидер, туку и за крал на земјата.
Мин Аунг Хлаинг е во официјална посета на Москва. Тоа е веќе негова четврта посета на Русија по воениот удар во 2021 година.
За време на средбата во Кремљ, тој на Путин му подари книга од 19 век која ги опишува односите меѓу монарсите на Мјанмар и Русија.
Понатаму, во дискусијата стана збор и за војната на Русија против Украина, која шефот на хунтата ја опиша како резултат на акциите на Западот.
Западот воведе санкции кон Русија поради војната. Мин Аунг Хлаинг е исто така меѓународно изолиран и погоден од западните санкции. мс/
фото: ЕПА