Шест жртви во земјотрес во Непал со интензитет од 6,6 степени по Рихтер
- Локалните медиуми пишуваат дека има шест жртви

Катманду, 9 ноември 2022 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди утринава Непал, соопшти сеизмолошкиот центар во државата, а локалните медиуми пишуваат дека има шест жртви.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно информираше дека станува збор за земјотрес со интензитет од 5,6 степени.
Земјотресот ги стресе граѓаните на Непал утрово во два часот по локално време, а се почувствува и во северниот дел на Индија.
Според медиумски извештаи, земјотресот е почувствуван и во Њу Делхи и блиската околина. бд/сд/