• понеделник, 23 декември 2024

Швајцарија соопшти дека била нападната од проруски хакери по посетата на Зеленски

Швајцарија соопшти дека била нападната од проруски хакери по посетата на Зеленски

Берн, 17 јануари 2024 (МИА) - Швајцарската Влада соопшти дека неколку нејзини веб-страници биле нападнати денеска од проруската хакерска група NoName.

Хакерите ја презедоа одговорноста за нападот, наведувајќи ја посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Швајцарија и неговото учество на Светскиот економски форум во Давос како причина за нивните акции, се вели во соопштението на швајцарската Федерална канцеларија за кибер безбедност.

„Неколку веб-страници на федералната влада станаа привремено недостапни“, се вели во соопштението.

Службата за кибер безбедност истакна дека очекувала ваков напад пред посетата на украинскиот лидер и дека биле преземени неопходните безбедносни мерки.

Кибер нападот бил забележан брзо, што овозможило да се преземат мерки за враќање на пристапот до погодените сајтови, меѓу кои се и сајтовите на неколку министерства, објаснуваат од службата. ссм/

фото: 

Остани поврзан