Човекот обвинет за убиството на извршниот директор на UnitedHealthcare се очекува да се појави на сослушувањето за екстрадиција во Њујорк
Њујорк, 19 декември 2024 (МИА) - Осомничениот обвинет за убиство на извршен директор на компанија за здравствено осигурување на улица на Менхетен ќе биде донесен денеска на сослушување за поврзаните кривични пријави во Пенсилванија и напорите за негова екстрадиција во Њујорк.
Прелиминарното рочиште за обвиненијата за фалсификување и огнено оружје и разгледување на жалбата на бегалецот од правдата против Луиџи Манџионе може да не трае долго, јавија американските медиоуми.
Претставници на судот рекоа дека Манџионе ќе присуствува на постапката во раните утрински часови во судот на округот Блер во Холидејсбург. Ако судијата ја одобри неговата екстрадиција, Манџионе потоа ќе биде префрлен во Њујорк, каде што би можел да се појави пред државниот суд за да биде изведен попладне или утре.
Обласниот обвинител во округот Блер, Пенсилванија, Пит Викс, изјави дека е подготвен да ги стави во мирување обвиненијата од Пенсилванија додека властите во Њујорк го гонат Манџионе за убиството на извршниот директор на UnitedHealthcare Брајан Томпсон на 4 декември. Манџионе се соочува со обвиненија за убиство како терористички чин во Њујорк. зш/