• вторник, 01 октомври 2024

Партијата на разрешениот чешки министер за регионален развој Иван Бартош ја напушти владејачката коалиција

Партијата на разрешениот чешки министер за регионален развој Иван Бартош ја напушти владејачката коалиција

Прага, 1 октомври 2024 (МИА) - Парламентарното мнозинство на чешката десноцентристичка влада е на работ на намалување, откако најмалата партија во владејачката коалиција доцна вчера гласаше за нејзино напуштање по разрешувањето на нејзиниот лидер Иван Бартош од функцијата министер за регионален развој.

Либералната пиратска партија соопшти дека речиси четири петтини од нејзините членови, кои гласале на интерна анкета, го поддржале излегувањето од Владата на премиерот Петер Фиала. Двајца министри, меѓу кои и министерот за надворешни работи Јан Липевски, во текот на денешниот ден ќе поднесат оставки, соопштија од партијата.

Заминувањето на Пиратската партија ќе ја чини Владата четири места во Пратеничкиот дом, иако таа ќе го задржи мнозинството со 104 места во 200-члениот долен Дом на чешкиот Парламент. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан