• четврток, 22 август 2024

Чешка ќе купува муниција за Украина со профитот од замрзнати руски средства

Чешка ќе купува муниција за Украина со профитот од замрзнати руски средства

Прага, 20 август 2024 (МИА) – Чешка ќе искористи дел од каматите акумулирани од руските средства, замрзнати од Европската Унија, за да купи повеќе муниција од голем калибар за Украина, соопшти денеска чешкото Министерство за одбрана.

Западот блокираше руски средства во вредност од околу 300 милијарди долари откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Земјите-членки на ЕУ во јуни се согласија да искористат 1,4 милијарди евра (1,5 милијарди долари) од каматите за купување оружје и за обезбедување друга помош за Киев.

Чешкото Министерство за одбрана објави дека дел од парите ќе бидат искористени за набавка на артилериски гранати за Украина од различни локации низ светот.

- Украина ја доби првата транша од воената помош според чешката иницијатива во јуни, а испораката продолжува секој месец. Ова е единствена можност за брзо и ефективно помагање на Украина, се наведува во соопштението на чешкото МО.

Според Кремљ искористувањето на каматите од замрзнатите руски средства за финансирање воена помош за Украина е грабеж и најави дека ќе преземе правни мерки против сите вклучени во одлуката. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан