• понеделник, 23 декември 2024

Чешката полиција го соопшти идентитетот на напаѓачот од Прага: Се сомнева дека утрово го убил и својот татко

Чешката полиција го соопшти идентитетот на напаѓачот од Прага: Се сомнева дека утрово го убил и својот татко

Прага, 21 декември 2023 (МИА) - Чешката полиција соопшти дека напаѓачот на универзитетот во Прага е 24-годишниот студент Давид Козак.

Претходно денеска по него полицијата распишала потерница поради сомнение дека утринава го убил својот татко во селото Кладенско. Потоа стана јасно дека бараниот е тој што попладнево уби десет лица на Филозофскиот факултет во Прага, по што и тој беше убиен.

Козак бил студент на Филозофскиот факултет и постои сомневање дека по убиството на својот татко тргнал во крвавиот поход каде уби најмалку 10 и рани најмалку 24 лица во близина на факултетот. ссм/

фото: принтскрин

 

Остани поврзан