• вторник, 26 ноември 2024

Чешката иницијатива собраа 1,6 милијарди евра воена помош за Украина

Чешката иницијатива собраа 1,6 милијарди евра воена помош за Украина

Прага, 29 мај 2024 (МИА) – Иницијативата на Чешка за забрзување на испораката на оружје за Украина собра 1,6 милијарди евра, а првата достава ќе се случи за неколку дена, изјави синоќа чешкиот премиер Петр Фиала.

Тој истакна дека средствата се донирани од 15 земји-членки на Европска Унија и на НАТО, но не наведе детали.

Фиала го повтори ставот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека западните држави треба да ги укинат ограничувањата со кои на Украина и се забранува употреба на донираното оружје за напад врз руска територија.

На вчерашната средба во Прага учествуваа премиерот на Украина, на Холандија, на Летонија, Денис Шмихал, Марк Руте, Мете Фредериксен, Евика Силина и полскиот претседател Анджеј Дуда.

Во заедничката изјава објавено по состанокот се наведува дека со сегашното финансирање „се очекува да се обезбеди донација од половина милион парчиња артилериска муниција пред крајот на годината“.

Исто така е посочено дека иницијативата ќе продолжи сè додека е потребно.

Дуда најави дека Полска е подготвена да помогне во транспортот на муниција во соседна Украина како дел од чешката иницијатива. Додека Холандија соопшти дека ќе испорача делови од системот за воздушна одбрана „Патриот“ на Украина и дека е во разговори со други земји за составување на целосниот систем. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан