Чеферин за Суперлигата: Се надевам дека што поскоро ќе го започнат својот турнир со два клуба
- Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин го коментираше можното претстојно стартување на Суперлигата.

Нион, 21 декември 2023 (МИА) - Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин го коментираше можното претстојно стартување на Суперлигата.
-Нема да се обидуваме да ги спречиме. Тие можат да создадат што сакаат. Се надевам дека што поскоро ќе го започнат својот главен турнир... со два клуба. Фудбалот не е на продажба, ги цитира новинарот Фабрицио Романо зборовите на Чеферин.
Денес, 21 декември, Европскиот суд ги прогласи за незаконски постапките на ФИФА и УЕФА да го блокираат создавањето на Суперлигата. Подоцна стана познат и форматот на европскиот турнир.
Претходно, одбивање да учествуваат во Суперлигата најавија Манчестер јунајтед, Баерн Минхен, Атлетико Мадрид и Севилја.
Во моментов во Суперлигата се вклучени само два клуба: Реал Мадрид и Барселона. зс/
Фото: ЕПА