• четврток, 15 јануари 2026

Интер Мајами го продолжи договорот со Суарез

Интер Мајами го продолжи договорот со Суарез

 

Мајами, 17 декември 2025 (МИА) – Американскиот фудбалски првак Интер Мајами го продолжи договорот со напаѓачот Луис Суарез до крајот на сезоната 2026.

„Откако ја заврши историската сезона 2025, Суарез потпиша нов договор, негов втор со клубот. Огромното искуство и лидерските квалитети на напаѓачот одиграа одлучувачка улога во третата и четвртата титула на Интер Мајами – Лигата на шампионите во Источната конференција и МЛС Купот“, соопшти клубот од Мајами.

Уругвајскиот 38-годишен напаѓач му се приклучи на Интер Мајами во 2024 година. Минатата сезона запиша 50 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 17 голови и додаде исто толку асистенции.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан