Честитка од Спасовски по повод Денот на ромскиот јазик
- Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка по повод 5 Ноември - Светски ден на ромскиот јазик.
![Честитка од Спасовски по повод Денот на ромскиот јазик](https://mia.mk/index.php/images/20231105102330_big_730x400_85.webp )
Скопје, 5 ноември 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка по повод 5 Ноември - Светски ден на ромскиот јазик.
-Одбележувајќи го 5 Ноември, кој во 2015 година од страна на УНЕСКО беше прогласен за Ден на ромскиот јазик, го истакнуваме значењето за негувањето на ромскиот јазик како чувар на ромската традиција, фолклор и култура. На тој начин го јакнеме и збогатуваме нашето Едно општество за сите, бидејќи ромскиот јазик со сите свои специфики е нераскинлив дел од тој наш мултикултурен мозаик. Токму овој ден укажува на тоа дека препознавањето на сите јазици како еднакви е висок цивилизациски чин, и истиот е дел од нашите напори да ги елиминираме сите форми на дискриминација.
Нека е за многу години 5 Ноември, напиша Спасовски на Фејсбук. ев/
ФОТО: Фејсбук