• петок, 08 ноември 2024

Честитка од претседателот на Собранието, Гаши по повод Денот на независноста на САД

Честитка од претседателот на Собранието, Гаши по повод Денот на независноста на САД

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - По повод 4 Јули – Денот на независноста на САД, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, упати честитка до спикерот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Мајк Џонсон.

Во честитката од претседателот Гаши, се наведува во соопштението од собраниската прес - служба, се нагласува дека Денот на независноста ги одбележува трајните вредности на слободата и демократијата и независноста, како принципи кои беа светилник на надеж и инспирација за луѓето ширум светот, вклучително и овде во Северна Македонија.

- Денот, 4 јули е од големо значење. Тој го одбележува раѓањето на Вашата нација и трајните вредности на слободата, демократијата и независноста. Овие принципи беа светилник на надеж и инспирација за луѓето ширум светот, вклучително и овде во Северна Македонија. Силното и трајно партнерство меѓу нашите две земји е изградено врз овие заеднички вредности и меѓусебно почитување. Соединетите Држави се постојан пријател и сојузник на Северна Македонија, поддржувајќи ги нашите аспирации за демократија, просперитет и интеграција во евроатлантската заедница. Додека го славиме овој значаен ден, очекуваме дополнително зајакнување на врските меѓу нашите држави, и уверени сме дека нашата соработка ќе продолжи да се развива во годините што доаѓаат, се вели во честитката упатена од претседателот на Собранието, Гаши. цр/ев/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан