Челзи сака да го замени Симонс за Нкунку во Лајпциг
- Фудбалерот од средниот ред на Лајпциг, Чави Симонс, би можел да ја продолжи кариерата во Челзи.
Лондон, 11 август 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Лајпциг, Чави Симонс, би можел да ја продолжи кариерата во Челзи.
Според „Гардијан“ лондоснките „Сини“ преговараат за можна размена на 22-годишниот Холанѓанец за напаѓачот Кристофер Нкунку, кој веќе играше за германскиот тим.
Во сезоната 2024/25, Симонс одигра 33 натпревари, постигнувајќи 11 голови и осум асистенции.
Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 70 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА