• вторник, 17 декември 2024

ЦУК: 1 704 повици на 112 во последното деноноќие, внимателно возење поради одрони

ЦУК: 1 704 повици на 112 во последното деноноќие, внимателно возење поради одрони

Скопје, 24 април 2024 (МИА) - Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1 704 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 54,99 отсто, а 45,01 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Како што информира денеска ЦУК, кон полиција биле упатени 63,04 отсто од повиците, кон итната медицинска помош 29,35 отсто, а кон пожарникарите 1,45 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Во последното деноноќие немало пожари на отворено.

Регионалниот ЦУК Охрид информира дека пожарникарите од ТППЕ Охрид имале две интервенции поради запалени оџаци во изминатото деноноќие. Оџаците, како што препорачуваат пожарникарите, потребно е превентивно поредовно да се чистат.

Регионалниот ЦУК Штип, по јавувања на 112, известува за повеќе одрони во различни временски периоди. Од 12.45 часот на патниот правец од село Истибања – Виница, од 13.55 часот на делницата Кочани-Делчево и во период од 15.00 до 15.30 часот кај село Калиманци и на патен правец село Удово-Демир Капија.

- Веднаш од ЦУК биле известени надлежните од ЈП за одржување на регионалните и магистралните патни правци од Кочани коишто интервенирале и биле исчистени одроните од патот, соопшти ЦУК.

Од ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правеци од Делчево известуваат дека на патните правци под нивна надлежност; Брана Калиманци - граничен премин кон Бугарија, Македонска Каменица – Рудник Саса и Делчево – Пехчево, коловозите се влажни и има ситни одрони на сите патни правци при што се препорачува внимателно возење.

Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот, но, на тие што патуваат се препорачува внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.  Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/цр

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан