• среда, 18 февруари 2026

ЦУК: Паднато дрво оштети три возила и го попречи сообраќајот во Кисела Вода

ЦУК: Паднато дрво оштети три возила и го попречи сообраќајот во Кисела Вода

Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) – Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска околу 15:30 часот, преку единствениот број за итни повици 112, добиена е пријава за паднато дрво на улицата „Вера Јоциќ“ во Општина Кисела Вода, во непосредна близина на средното економско училиште „Васил Антевски – Дрен“.

Според првичните информации, паднатото дрво предизвикало материјална штета на три возила и го попречува одвивањето на сообраќајот на наведената локација.

– Според првичните информации дрвото го попречува сообраќајот, а се чувствува мирис на изгорен кабел, но нема активен чад. За настанатата состојба известени се СВР Скопје и ЈП Паркови и зеленило. Од МВР треба да направат увид на местото на настанот а екипа од ЈП Паркови и зеленило треба да го отстрани дрвото од коловозот, стои во соопштението на ЦУК. ра/нд/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан