• среда, 18 февруари 2026

Во Велес втора обука за идни волонтери во организација на Црвениот крст

Во Велес втора обука за идни волонтери во организација на Црвениот крст

Велес, 17 февруари 2026  (МИА) – Општинската  организација на Црвениот крст Велес попладнево во сaлата на Европска куќа ја одржа втората обука за ученици идни волонтери во рамки на програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА–ПХВ)“. Во неа се вклучени 35 ученици од основните и средните училишта во Велес на возраст од  13 до 17 години, а интересот бил голем информира за МИА, Орце Николов секретар на ООЦК Велес.

Како што појасни Николов, на оваа втора од предвидените три обуки, младите волонтери работеле на развивање проектни идеи и учеле како од препознаен проблем во заедницата да креираат конкретен мал проект. Посебен акцент бил  ставен на целната група и реалните потреби на заедницата.

По завршувањето на обуките, учесниците ќе бидат поделени во шест групи и до мај ќе реализираат шест мали проекти.

Програмата ЦКА–ПХВ се реализира повеќе од две децении. Обуката денеска беше спроведена од Матеја Матева, локален дисеминатор на Општинската организација на Црвен крст. ад/нд/

Фото: Општински Црвен крст 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан