• среда, 18 февруари 2026

Амбасадорот на Босна и Херцеговина во земјава во посета на Крива Паланка

Амбасадорот на Босна и Херцеговина во земјава во посета на Крива Паланка

Крива Паланка, 17 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Крива Паланка Сашо Митовски денеска беше домаќин на амбасадор на БиХ во земјава Драган Јаќимовиќ.

-Средбата се одвиваше во исклучително пријателска и конструктивна атмосфера, со јасна порака дека локалната и регионалната соработка создава најконкретни резултати. Веќе воспоставената соработка со Сребреник ја гледам како одличен пример за искрено пријателство, изградено врз доверба и взаемно почитување, силен темел за нови иницијативи и пошироко поврзување со општини од Босна и Херцеговина. Крива Паланка останува посветена на практична и долгорочна соработка преку видливи и одржливи проекти, кои ќе донесат конкретни придобивки за граѓаните и ќе придонесат кон стабилност и развој на регионот, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Општина Крива Паланка и Град Сребреник, Босна и Херцеговина во 2023 година потпишаа повелаба за пријателство и соработка, прв чекор кон збратимување на градовите, а истата свечено беше потпишана од страна на градоначалниците Аднан Бјелиќ и Сашко Митовски.

Оттогаш до денес, реализирани се повеќе посети на двете страни, вклучително и соработката од областа на културата, отпочната со иницијалната соработка со младиот музички талент, Ајдин Османовиќ и неговиот професор и ментор Јасмин Брашњиќ. ид/нд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан