• среда, 24 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција

ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција

Скопје, 10 јули 2025 (МИА) - На единствениот број за итни случаи 112 вчера се регистрирани досега рекордни во еден ден 4.199 повици, објави Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од нив, 711 биле за услуга каде што биле активирани институции за интервенција.

За полицијата биле 286 повици или 40,2 отсто од вкупниот број, Итната медицинска помош преку бројот 112 била побарана 72 пати, што е 10,1 отсто од вкупниот број на повици, а за противпожарната служба биле 41,7 проценти од повиците, односно вкупно 297.

Центарот за управување со кризи добил 54 повици, а Автомото сојузот на Македонија два повика.са/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан