Црвен крст Кавадарци уреди дел од новите простории со поддршка од Дрекслмаер
- Црвен крст Кавадарци уреди дел од новите простории со поддршка од Дрекслмаер, информираа попладнево од германската фабрика во Кавадарци.

Кавадарци, 25 октомври 2023 (МИА) - Црвен крст Кавадарци уреди дел од новите простории со поддршка од Дрекслмаер, информираа попладнево од германската фабрика во Кавадарци.
Од компанијата соопштија дека обезбедиле бироа и гардеробери што се изработени согласно и соодветно на потребите на персоналот на оваа хуманитарна организација. Со тоа работните простории не само што добија нов изглед, туку и работата на тимовите на Црвениот Крст е поедноставена и попрактична.
-Преку поддршката на организациската единица на Црвен Крст - Кавадарци, Дрекслмаер ја поддржува и заедницата и придонесува за одржливо општество во кое се почитуваат принципите на социјална одговорност, наведуваат од комапнијата свд/вг/
Фото : Фејсбук на Дрекслмаер