• понеделник, 23 декември 2024

Црвениот крст на РСМ ги повикува македонските граѓани да донираат средства за настраданите во БиХ

Црвениот крст на РСМ ги повикува македонските граѓани да донираат средства за настраданите во БиХ

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - Црвениот крст на РСМ ги повикува македонските граѓани и правни субјекти да донираат средства за настраданото население од интензивните врнежи во БиХ. Воедно информира дека од своите резерви издови 10 000 евра првична помош и стапи во контакт со Црвениот крст на Босна и Херцеговина. Согласно утврдените потреби, понудена е помош во материјално-технички и човечки ресурси за справување со последиците предизвикани од поплавите.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за справување со последиците од пожарите.

Може да се донираат и 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

Средства во странска валута може да се уплатат на следниот начин:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

-Ве повикуваме уште еднаш да ја покажеме нашата солидарниот да и им помогнеме на настраданите. Интензивните врнежи од дожд кои зафатија делови од БиХ предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, одземајќи човечки животи и огромни материјални штети. Повеќе од 20 станбени единици се целосно уништени, а животот и здравјето на стотици домаќинства се во голем ризик. Согласно досегашните информации изгубени се 24 животи и непознат број на исчезнати. Црвениот крст на Босна и Херцеговина, ги активираше сите расположливи капацитети, со цел спречување и ублажување на човековото страдање и заштита на животот, здравјето и човечкото достоинство. Согласно обемот и интензитетот на настаната катастрофа потребна е дополнителна помош и поддршка, наведува Црвениот крст. мч/дма/

фото: МИА архива

 

 

                                               

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан