ЦПЦ им нуди на Србите во Црна Гора промена на националноста
- Митрополитот на Црногорската православна црква (ЦПЦ) Михаило го понуди сертификатот за крштевање на оваа верска заедница на сите православни христијани крстени во Српската православна црква,

Подгорица, 24 февруари 2021 (МИА) - Митрополитот на Црногорската православна црква (ЦПЦ) Михаило го понуди сертификатот за крштевање на оваа верска заедница на сите православни христијани крстени во Српската православна црква, врз основа на кој нивната националност ќе се смени во православен Црногорец или православна Црногорка.
Како што пренесува РТЦГ, Михаило вели дека, на пример, во колоната „националност“, во крштеницата на таа црква, наместо православен Србин или православна Србинка, ќе се внесе православен Црногорец или православна Црногорка, и сето тоа, како што наведе, „поради одбрана од духовниот окупатор, СПЦ“.
Понудата на Михаило се случува пред претстојниот попис во Црна Гора, што треба да се одржи оваа година. паг/