• сабота, 23 ноември 2024

Церемониите околу олимпискиот оган во Грција нема да се одложат поради коронавирусот

Церемониите околу олимпискиот оган во Грција нема да се одложат поради коронавирусот
Атина, 5 март 2020 (МИА) - Церемонијата за палење на олимпискиот оган на 12 март 2020 во античка Олимпија, штафетното предавање низ 31 грчки град и церемонијата во Атина за предавање на организаторите на летните Олимписки игри во Токио, нема да се одложат поради коронавирусот, соопштија од грчкиот Олимписки комитет по денешниот состанок, јави дописничката на МИА од Атина. На претходниот состанок одржан во вторникот, беше одлучено да се откажат предвидените ручеци и приеми во античка Олимпија, значително да се намали бројот на акредитации, генералната проба за палење на огнот да биде без публика, како и секои два дена да се прави анализа на ситуацијата и обработка на податоците, доколку бидат потребни дополнителни мерки за церемониите. ср/гт/

Остани поврзан