• четврток, 07 ноември 2024

Целосно реконструиран регионалниот пат  на еден од влезовите во Велес

Целосно реконструиран регионалниот пат  на еден од влезовите во Велес

Велес, 6 ноември 2024 (МИА) - Заврши асфалтирањето на улицата  која е дел од регионален пат на влезот во Велес на потегот од кружен тек кај мостот „Гемиџии" до  бензинската пумпа Лукоил, во должина од 550 метри. Претходно целосно беше изгребен и отстранет стариот асфат, информира градоначалникот Марко Колев. За оваа и претходно реконструираните уште две делници од регионален пат на друг  влез во Велес, Јавното претпријатие за државни патишта обезбеди околу 44 милиони денари.

Колев  искажа благодарност до Јавното претпријатие за државни патишта за обезбедените средства и Македонија пат - Подружница Велес за изведбата на градежните активности на терен.

Со овие средства во текот на октомври беше целосно асфалтирана првата делница од регионален пат на влезот во Велес  од мостот кај Башино Село до Вулканизер „ДИНЕ“ и втората од оваа локација до во близина на хотел „Гарденија“, а двете во должина од 2 100 метри, односно  заедно со оваа третата делница  во вкупна должина од 2 650  метри. ад/дма/

Фото:МИА

 

Остани поврзан