• вторник, 24 декември 2024

Со „Едвард II“ велешкиот театар гостува на Фестивалот на актерот во Никшиќ

Со „Едвард II“ велешкиот театар гостува на Фестивалот на актерот во Никшиќ

Велес, 7 ноември 2024 (МИА) - Ансаблот на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов –Џинот“, со претставата „Едвард II“ во режија на Андреј Жолдак според текст на Кристофер Марлоу, вечер ќе настапи на Фестивалот на актерот во Никшиќ, Црна Гора.

На фестивалот во конкуренција за награда освен велешкиот, учествуваат и  театрите ИТД од Загреб, Ателје 212 од Белград, копродукција на Српско  народно позориште од Нови Сад со Град театар од Будва и Црногорско народно позориште од Подгорица.

Претставата „Едвард II“  е  копродукција, дел од меѓународен проект со Драмскиот театар од Пловдив, Бугарија, насловен  „Манифест“. Премиерата беше лани на Охридско лето на 6 август. Во неа настапуваат актерите Борис Крстев, Илин Јовановски, Јована Миладинова, Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Бранко Михајлоски, Кире Ацески, Никола Петковиќ, Сандра Танчева, Марија Баркова, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски и Тодор Стојковски.

На неодамна одржаниот фестивал МЕСС во Сараево, актерката Јована Миладинова, во конкуренција на седум претстави од 11 држави, за улогата во „Едвард II“, доби награда за најдобра млада актерка.ад/са/

Фото: театар „Јордан Хаџи Константинов –Џинот“

Остани поврзан